Средба Герапетритис - Фидан во Анталија
- Министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан денеска оствариле средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, што се одржува во Анталија, објавија од грчкото МНР на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 15 мај 2025 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан денеска оствариле средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, што се одржува во Анталија, објавија од грчкото МНР на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
Дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА брифирале дека на средбата двајцата министри ги разгледале прашањата поврзани со подготовката на следниот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција.
Според истите извори, во следните денови ќе биде соопштен датумот за одржување на политичкиот дијалог, на позитивната агенда и Високиот совет за соработка. ср/сд/
Фото: Министерство за надворешни работи на Грција