• четврток, 20 јуни 2024

СПАК побара 93 години затвор за 11 лица за шверц на 485 кг кокаин

СПАК побара 93 години затвор за 11 лица за шверц на 485 кг кокаин

Тирана, 12 јуни 2024 (МИА) - Албанското  специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  официјално побара казна од вкупно 93 години затвор за 11 лица обвинети за шверц на 485 килограми кокаин од Колумбија, преку пристаништето Бар до албанскиот град Фиер.

Предметната дрога е запленета ноември 2022 година, а од Колумбија била испорачана преку пристаништето Бар. Потоа по копнен пат била пренесен во Албанија.

Албанската полиција акцијата ја реализира во соработка со американската ДЕА, со СПАК и црногорската полиција при што запленетата дрога, вредна над 40 милиони евра,  ја откри во  вреќи со вештачко ѓубре.

Исто така запленети беа 15.000 евра, три автомски пушки и исто толку пиштоли, 108 куршуми, 18 мобилни телефони и пет возила.
 вт/

Остани поврзан