• петок, 22 ноември 2024

Шмит: Нема да биде толерирано однесувањето на Република Српска

Шмит: Нема да биде толерирано однесувањето на Република Српска

Сараево, 20 јуни 2024 (МИА) – Високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит денеска изјави дека ќе преземе чекори и нема да ги толерира евентуалните потези кои би довеле до отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

Изминатите два дена заседаваше Советот за имплементација на мирот (ПИЦ) во БиХ, кој е составен од претставници на САД, Велика Британија, Европска Унија и Турција, која ја претставува Организацијата за исламска соработка (ОИЦ). ПИЦ дава насоки за работата на високиот претставник.

- Нема да биде толерирано однесувањето на властите во РС што е спротивно на Дејтон … Таквите потези не би поминале без последици. Сите мора да бидат свесни дека ова е опасна игра, посочи Шмит.

Во заклучоците на ПИЦ се истакнува дека Шмит може да користи високи овластувања, т.н. Бонски овластувања, кои вклучуваат можност за смена на функционери, поништување одлуки и наметнување закони. Исто така се посочува дека ентитетите немаат право на отцепување од БиХ.

- Ентитетите во Босна и Херцеговина не се држави, тие постојат исклучиво врз основа на Уставот на БиХ и немаат никаков сопствен суверенитет, се истакнува во заклучоците на Советот за имплементација на мирот, при што се апелира на соработка со високиот претставник и исполнувањето на условите што ја водат земјата кон евроинтеграциите. ми/

фото: МИА архива

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан