Естонија започна изградба на бункери долж границата со Русија
- Естонија започна подготвителни работи за изградба на пет бункери со цел зајакнување на граничната одбрана од можни напади од Русија, соопшти deneska Естонскиот центар за одбранбени инвестиции.
Рига, 17 декември 2025 (МИА) - Естонија започна подготвителни работи за изградба на пет бункери со цел зајакнување на граничната одбрана од можни напади од Русија, соопшти deneska Естонскиот центар за одбранбени инвестиции.
Центарот со седиште во Талин наведе дека во наредните месеци ќе бидат изградени уште 23 засолништа, а до крајот на 2027 година вкупниот број бункери се очекува да достигне до 600.
Бункерите, кои ќе се градат во североисточна и југоисточна Естонија, првенствено се наменети за заштита на војници од директни погодоци од артилериски гранати со калибар од 152 милиметри.
Покрај тоа, наскоро треба да започне и ископувањето на противтенковски ров во должина од 3,4 километри, соопшти Центарот.
Естонија, како и нејзините балтички соседи Летонија и Литванија, ја засилува безбедноста долж границата со Русија преку одбранбени инсталации и физички бариери. ссм/
фото: архива