• вторник, 02 јули 2024

Солскјер: На Манчестер јунајтед му требаат 2-3 играчи за да го засили почетниот состав

Солскјер: На Манчестер јунајтед му требаат 2-3 играчи за да го засили почетниот состав
Манчестер, 27 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер побара две до три засилувања за да има тим конкурентен за високи цели следната сезона. - Треба само да се подобриме. Добро се справивме оваа сезона, минавме низ тежок почеток без претходна сезона, губејќи три од првите шест натпревари. Притиснавме во Премиер лигата и се приближивме до врвот поблиску отколку што мислевме дека можеме. И стигнавме до финалето во Лига Европа, но овие финалиња мора да се добијат за сезоната да биде успешна. Ние мора да напредуваме, да работиме подобро, потешко и попаметно. Но, за такво нешто потребни ни се двајца или тројца играчи за да го засилиме почетниот состав или дури и целата постава како целина. Ова е од суштинско значење за движење напред. Сигурен сум дека и нашите конкуренти сакаат да бидат подобри, истакна норвешкиот фудбалски стручњак. Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја заврши на втората позиција, а синоќа го загуби финалето во Лигата на Европа од Виљареал. зс/

Остани поврзан