• среда, 03 јули 2024

Атлетскиот клуб „Делта“ севкупен победник во Купот на Македонија

Атлетскиот клуб „Делта“ севкупен победник во Купот на Македонија


Скопје, 2 јули 2024 (МИА) – Атлетскиот клуб „Делта“ од Скопје е севкупен победник во Купот на Македонија во сениорска конкуренција што изминатиот викенд се одржа на Националната арена „Тоше Проески“.
До својата четврта куп титула во клупската историја атлетичарите и атлетичарките на Делта дојдоа со освоени 1232 бодови, освојувајќи го првото место пред АК „Куманово“ (927 бодови) и АК „7ми Мај“ (553).
„На ова првенство учество зедоа повеќе од 20 клубови и 120 атлетичари кои се бореа за престижот победник на Купот на Македонија, натпреварување кое по карактер е екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите „норми“ собираат бодови кои ќе им послужат за што повисоко рангирање на своите клубови“, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија.
Во женска сениорска конкуренција најуспешен клуб беше АК „Куманово“, а во машка атлетичарите од „Делта“. ег ФОТО: АФМ

Остани поврзан