• среда, 03 јули 2024

НБА: Мичел потпишува тригодишен договор со Кливленд

НБА: Мичел потпишува тригодишен договор со Кливленд


Њујорк, 2 јули 2024 (МИА) – Договор вреден 150.3 милиони долари ќе потпише Донован Мичел со НБА лигашот Кливленд, јавија денеска американските медиуми.
Според договорот, Мичел има опција во третата година (2027/2028) да се врати како слободен играч, кога ќе ги исполни условите за продолжување на пет години во вредност од 380 милиони долари.
Во секој случај, 27-годишниот Мичел има четиригодишен договор, вклучувајќи ја и последната година од неговиот претходен договор, вреден 185 милиони долари. Тој самиот потврди дека останува во Кливленд во објава на социјалните мрежи.
Во сезоната 2023/2024. Мичел имаше просек од 26,6 поени и најдобри во кариерата 6,1 асистенции по натпревар, но беше ограничен на 55 натпревари во регуларниот дел од сезоната. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан