• недела, 07 јули 2024

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони

 

Нион, 13 мај 2024 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс.

Винчиќ оваа сезона судеше на седум натпревари во Лигата на шампиони, вклучувајќи го и реваншот во четвртфиналето меѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 1 јуни на стадионот Вембли во Лондон со почеток во 21 часот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан