• петок, 22 ноември 2024

Агире повторно селектор на Мексико

Агире повторно селектор на Мексико


Мексико Сити, 23 јули 2024 (МИА) – Мексиканскиот фудбалски стратег Хавиер Агире (65) трет пат во кариерата го презеде водството на националниот тим.
Агире ја водеше мексиканската репрезентација од јуни 2001 до јули 2002 година. Потоа беше на чело од април 2009 до јуни 2010 година. Во својот трет мандат, Агире ќе ја води мексиканската репрезентација на Светското првенство во 2026 година, кое Мексико заедно ќе го организира со САД и Канада, а по Светското првенство репрезентацијата ќе ја преземе Рафаел Маркез, кој дотогаш ќе биде помошник селектор.
„Хавиер има силни резултати, со искуство и неоспорно лидерство во водењето на тимот, додека Рафа има голема умешност во развивање таленти“, се вели во соопштението на Мексиканската фудбалска федерација (ФМФ).
Во текот на кариерата Агире ги водеше и Јапонија, Египет, Атлетико Мадрид, Осасуна, Мајорка …
Поранешниот селектор Хамес Лозано ја напушти функцијата откако Мексико не успеа да ја мине групната фаза на неодамнешната Копа Америка. Мексико ја победи Јамајка со 1-0, потоа загуби со 0-1 од Венецуела и ремизираше 0-0 против Еквадор. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан