• вторник, 05 ноември 2024

Стартна победа на Ѓорческа во Португалија

Стартна победа на Ѓорческа во Португалија

 

Фигуеира да Фоз, 23 јули 2024 (МИА) – Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна португалскиот турнир во Фигуеира да Фоз, што се игра за награден фонд од 100.000 долари, откако денеска во првата рунда ја победи Анастасија Иамачикне од Чиле со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

За пласман во второто коло на Ѓорческа и беа потребни 87 минути.

Во следната рунда македонската тенисерка за противничка ќе ја има петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија (28 години, 163. место ВТА).

Холандската тенисерка во воведното коло ја победи квалификантката од Украина, Натерина Володко со 2:0 во сетови (6-4, 6-3). ег ФОТО: МИА

Остани поврзан