• петок, 28 јуни 2024

Словачкиот Парламент одобри пакет закони за засилување на безбедноста на политичарите

Словачкиот Парламент одобри пакет закони за засилување на безбедноста на политичарите

Братислава, 27 јуни 2024 (МИА) - Словачкиот Парламент денеска одобри пакет закони за зајакнување безбедноста на политичарите и другите функционери, еден месец по атентатот на премиерот Роберт Фицо, кој беше тешко ранет.

Мерките треба да стапат на сила на 15 јули, откако беа одобрени од претседателот Питер Пелегрини, близок сојузник на Фицо.

Пакетот законски мерки беше критикуван од опозицијата и организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ бидејќи го ограничува правото на собирање.

Според новиот закон, властите ќе имаат право да забранат протестни собири пред домовите на политичарите и станбените области. Демонстрациите исто така нема да бидат дозволени во близина на седиштето на владата и претседателот.

МВР би идентификувало и подготвувало долгорочните резиденции за премиерот, претседателот и претседателот на Собранието кои ќе треба да живеат таму.

Заштита би била обезбедена и за лидерите на сите политички партии застапени во Парламентот, за главниот обвинител и за главниот судија на Уставниот суд.

Дополнително, премиерите и претседателите на парламентите кои отслужиле најмалку два мандати ќе добиваат редовна исплата на крајот на нивниот мандат. Досега оваа привилегија беше предвидени само поранешните претседатели.

Фицо се опоравува откако беше застрелан во стомакот додека ги поздравуваше поддржувачите на 15 мај во градот Хандлова. Напаѓачот е уапсен. рп/

Фото: МИА архива


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан