• петок, 06 септември 2024

Симон Трпчески по повод ослободувањето на Делчево ќе го претстави Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО

Симон Трпчески по повод ослободувањето на Делчево ќе го претстави Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО

Делчево, 5 септември 2024 (МИА) - Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот, утре (06.09.24) концерт во Делчево ќе одржи познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Пред делчевската публиката Трпчески и пријателите ќе го претстават Интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.

Концертот ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево со почеток во 20 часот.

Настанот е во организација на Општина Делчево во соработка со КултурОп, под покровителство на Министерството за култура. вс/

Фото: Општина Делчево

Остани поврзан