• недела, 22 декември 2024

Реакција Град Скопје на изјава на министерот за локална самоуправа Перински

Реакција Град Скопје на изјава на министерот за локална самоуправа Перински

5 септември 2024 

Добро е што министерот за локална самоуправа Перински во вечерашното интервју призна дека на средбата во Владата бил понуден план за санирање на состојбите во градот Скопје, а добро е и што призна дека градот е ликвиден, консолидиран и има сопствен финансиски капацитет да набави нови еколошки автобуси.

Со ова паѓаат сите лаги кои во последниве две години ги пласираше ВМРО-ДПМНЕ.

Ја поздравуваме искреноста на Златко Перински и повторуваме дека е точно дека градот Скопје може сам да набави 250 еколошки автобуси. За тој проект како министер за локална самоуправа сепак Перински би требало да знае дека набавката мора да биде изгласана и одобрена од Советот на град Скопје каде мнозинство има токму ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Токму нивните советници 22 месеци гласат против одлуката за набавка на нови автобуси.

Доколку Перински смета дека може да апелира до советниците да гласаат за оваа одлука, подготвени сме да закажеме вонредна седница на Советот со цел изгласување на одлуката за набавка на нови еколошки автобуси.


Одделение за односи со јавност
Град Скопје

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан