• петок, 06 септември 2024

Втор уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Втор уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Штип, 5 септември 2024 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, денеска и утре се спроведува вториот уписен рок за академската 2024-2025 година.

Проректорот Мишко Џидров рече дека споредбено со првиот уписен рок, бројот на пријавени нови студенти е задоволувачки. Тој информираше дека документите на кандидатите кои се пријавени во системот се обработуваат и се подготвуваат за следната фаза за обработка на индекси, по што ќе следува првиот академски час.

- Денеска и утре, односно 5 и 6 септември, УГД го организира вториот уписен рок и во овие два дена ги очекуваме кандидатите кои го отвориле нашиот веб-сајт, ги виделе нашите студиски програми и се препознале и сакаат да станат дел од УГД, како наши студенти во студиската 2024-2025 година, рече Џидров.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и годинава на студентите им нуди наставни програми на англиски јазик.  

- Како и секоја година, постои интерес за запишување на студиските програми. Оваа година имаме и нова студиска програма на англиски јазик, што покрај студиската програма на општа медицина, имаме студиска програма и на факултетите за правни науки и информатика. Имаме студиска програма и на Економскиот факултет, како и уметностите што ги нудиме на странските студенти, изјави Џидров.

Во првиот уписен рок, најголем интерес за студирање имало на Медицинскиот факултет. вдј/бд/

Фото: МИА 

Остани поврзан