• сабота, 06 јули 2024

Симеоне како успешна за Атлетико ја оцени 2023 година

Симеоне како успешна за Атлетико ја оцени 2023 година

Мадрид, 24 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го оцени настапот на својот тим во годинава што изминува.

Атлетико синоќа ја победи Севилја со 1:0 во заостанат натпревар од 4. коло на шпанската Ла Лига.

-Имавме многу добра година. На 50 натпревари загубивме само осум пати, забележавме 34 победи, а постигнавме 104 гола. Значи 2023 за нас беше многу добра година, изјави Симеоне за „Marca“.

Атлетико Мадрид со 38 бода се искачи на третото место во Ла Лига, пред него се Реал Мадрид и Жирона со по 45 бода.

Натпреварите во најсилното шпанско фудбалско првенство ќе продолжат на 2 јануари 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан