• среда, 10 јули 2024

СЗО: Сто дена од појавата на Ковид-19

СЗО: Сто дена од појавата на Ковид-19
Рим, 8 април 2020 (МИА) - Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус потсетува дека утре се навршуваат 100 дена од појавата на коронавирусот, поточно од денот кога кинеските власти го известија СЗО дека идентификувале избивање на мистериозна пневмонија во градот Вухан. - Речиси 100 дена поминаа откако СЗО е информиран за тоа, напиша Гебрејесус на Твитер. Тој нагласи дека оттогаш започнале истражувања со голема брзина во насока на развивање тестови и креирање услови за пронаоѓање вакцина. гт/

Остани поврзан