• среда, 10 јули 2024

Краповиќ: Црна Гора останува кредибилна членка на НАТО без оглед на реконструкцијата на Владата

Краповиќ: Црна Гора останува кредибилна членка на НАТО без оглед на реконструкцијата на Владата

Подгорица, 10 јули 2024 (МИА) – Црногорскиот министер за одбрана Драган Краповиќ, кој како дел од црногорската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, истакна дека членството во Алијансата е „голема безбедност“ за Црна Гора во „турбулентните“ времиња.

Тој во интервју за Гласот на Америка (ВоА) изрази уверување дека најавената реконструкција на Владата, во која директно ќе учествуваат партии кои се против а НАТО, нема да влијае на позицијата на Црна Гора како доверлива членка на Алијансата, ниту нејзините аспирации за влез во Европска Унија.

Тој, исто така, изрази жалење за заладените односи со Хрватска по усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Јасеновац, Дахау и Маутхаузен во Парламентот на Црна Гора, и покрај силните протести од Загреб, но додаде дека верува оти „тоа во следниот период на билатералната ниво многу брзо ќе биде надминато“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан