• четврток, 11 јули 2024

Бајден изјави дека Русија го зголемува производството на оружје, а НАТО не смее да заостане

Бајден изјави дека Русија го зголемува производството на оружје, а НАТО не смее да заостане

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека земјите-членки на НАТО мора да го зголемат своето индустриско производство за да бидат во чекор со руското производство на оружје и муниција.

- Не можеме да дозволиме алијансата да заостане, рече Бајден на отворањето на работната сесија на самитот на НАТО.

Како што јави СИ-Ен-Ен, тој додаде дека сите членки на НАТО се обврзуваат да го прошират својот индустриски капацитет.

- Ќе бидеме во можност да произведеме повеќе критична одбранбена опрема побрзо, рече Бајден. „И можеби ќе ни треба“, додаде тој.

Бајден рече дека новото ветување за производство испраќа порака до светот дека „секоја членка на НАТО е посветена да го исполни својот дел за да ја одржи Алијансата силна“. јт/

Фото: Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан