• петок, 22 ноември 2024

Украинската годишна инфлација во јуни порасна на 4,8 отсто, највисока од почетокот на годината

Украинската годишна инфлација во јуни порасна на 4,8 отсто, највисока од почетокот на годината

Киев, 10 јули 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во Украина се зголеми во јуни, од 3,3 отсто во мај, на 4,8 отсто и сега е највисока од почетокот на годината, објави денеска Државниот завод за статистика на Украина.

Во јуни цените на домувањето и комуналните услуги во Украина се зголемија за 18,6 отсто на годишно ниво, транспортот порасна за 13 отсто, а цените на здравството скокнаа за 10,1 отсто.

Наспроти ова, во јуни цените на храната и безалкохолните пијалоци паднаа за 0,1 отсто на годишно ниво. На месечно ниво инфлацијата во Украина се зголемила за 2,2 отсто во однос на мај.

 БДП на Украина е за четвртина помал од оној пред руската инвазија, објави неодамна весникот „Економист“.

Народната банка на Украина во мај објави дека очекува економски раст од три проценти во 2024 година и забрзување во опсег од 4,5 до пет проценти во периодот од 2025 до 2026 година, нагласувајќи дека таков раст е можен само со значителна странска помош. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан