• четврток, 11 јули 2024

Мишел: НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот

Мишел: НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пристигна во Вашингтон каде учествува на самитот на НАТО во Вашингтон.

- На 75-годишнината, НАТО останува најдолготрајниот и најмоќниот воен сојуз во светот. Денеска ја потврдуваме нашата железна посветеност на силно партнерство ЕУ-НАТО вкоренето во нашите заеднички вредности, напиша Мишел на Х.

Лидерите на НАТО се собраа на самит во Вашингтон, каде што вчера, денеска и утре Алијансата ја слави 75-годишнината од формирањето. јт/

Фото: Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан