• недела, 22 декември 2024

Турција и официјално го призна 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Турција и официјално го призна 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Анкара, 10 јули 2024 (МИА) - Одлуката на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, за одбележување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница објавена е во Службен весник на оваа земја, известува Анадолија.

Во одлуката потпишана од Ердоган, се наведува дека геноцидот во Сребреница, кој Меѓународниот суд на правдата го означи како најголем геноцид во Европа по Втората светска војна, остави мрачна трага во човековата историја поради убиствата на над осум илјади луѓе во Босна и Херцеговина на 11 јули 1995 година.

Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации на 23 мај годинава, 11 јули го признава како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Во тој контекст, 11 јули кој е прифатен да ја подигне свеста низ светот преку комеморативни настани, едукација и активности за подигање на јавната свест во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница, во нашата земја ќе се одбележува со цел споделување на болката и осуда на геноцидот и злосторствата против човештвото,“ се наведува во одлуката.

Активностите ќе се спроведуваат во соработка со релевантни јавни институции и организации под координација на Министерството за надворешни работи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан