• сабота, 15 јуни 2024

Се тестираат цевководите до селата во Карбинци, со што почнува дистрибуцијата на вода од ХС „Злетовица“

Се тестираат цевководите до селата во Карбинци, со што почнува дистрибуцијата на вода од ХС „Злетовица“

Карбинци, 14 јуни 2024 (МИА) - Почна пробното тестирање на цевководите од Филтер станицата до четири села во Општина Карбинци, кои вода треба да добијат од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека од ХС „Злетовица“ вода за пиење треба да добијат осум села во општината, а тестирањето на цевководите е почнато до селата Долни Балван, Таринци, Црвулево и Козјак.

Општина Карбинци денеска празнува 28 години од своето постоење, а воедно го чествува и празникот Спасовден. Во рамките на 28 годишниот јубилеј на општината денеска се одржа  свечена седница н

-Пред недела, две практично започна тестирањето на овие линии, се работи на пуштање на цевководите. Редоследно се тестираат и не се пуштени сите осум одеднаш. Затоа што како што ги пуштаме, така треба да се внимава да се исправни, дали ќе се јават одредени проблеми во текот на водоснабдувањето со вода. Досега со некои помали технички забелешки немаме поголеми проблеми во делот на овие цевководи кои се пуштени. Се работи од вкупноп осум линии, досега се тестираат четири, вели Паунов.

Тој очекува дека до крајот на месецот ќе заврши и тестирањето на останатите четири цевководи до населените места во Општина Карбинци, со што Филтер станица за преработка на водата за пиења, која се дистрибуира од ХС „Злетовица“ ќе почне и комплетно да испорачува вода до осумтте села во Карбинци. Паунов додава дека добивањето на водата за пиење од ХС „Злетовица“ нема да значи зголемување на цената на водата за пиење за жителите на овие населени места, односно цената за потрешена вода си останува иста. вдј/са/

Фото: МИА

Остани поврзан