• четврток, 18 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - На 14.06.2024 во 14.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.М.(34) од Гостивар, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека во периодот од 18.45 часот на 13.06.2024 до 12.50 часот на 14.06.2024 извршил „тешка кражба“ од куќа во изградба, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (14.06.2024), во периодот од 18.00 до 24.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 30 мерки за возачи кои управуваат мотоцикли, од кои 18 мерки за некористење на заштитна кацига, 9 мерки за непоседување на возачка дозвола...При контролата откриени биле и 13 останати прекршоци.

На 14.06.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово, 63 – годишен тетовец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.600 денари. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот продажен објект и побарало да му подготви производи кои ќе ги плател кога ќе дојде неговата сопруга од банка. Како што е пријавено, додека чекале лицето разговарало на телефон, по што му ги побарало парите за да плати брза пратка, а парите ќе му ги врател кога ќе плати за нарачаните производи. Исто така, според пријавеното, откако му ги дал парите лицето излегло и не се вратило, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.06.2024 во 23.00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60 – годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 14.06.2024 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(47) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 44 - годишна сопруга. Т.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

На 14.06.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги привеле А.А.(26) и Ј.Б.(24), двајцата од с.Катланово, скопско, поради сомнение дека пред фирмата во која работеле во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец учествувале во физичка пресметка во која Ј.Б. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Н.М., кој бил пренесен во Компекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Притоа, со повреди се здобиле Е.М., Р.Б. и С.Ќ., сите вработени во истата фирма. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Денеска (15.06.2024) во 00.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Ј.Н.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.06.2024 се заканувал на С.И.(26) од Скопје и неговата мајка М.И.. Toj бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понaтамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

Денеска (15.06.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Л.А.(32) од Скопје затоа што претходно агресивно се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 14.06.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, Ж.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 15.40 часот на работното место во приватна здравствена установа на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Х.Х. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 14.06.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кондово, скопско, поради нерасчистени имотно - правни односи, Р.И.(32) од Кондово бил физички нападнат од С.А.(35) од истото село, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.06.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од својот сопруг С.М.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 14.06.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од Скопје пријавил дека на 13.06.2024 на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои еден од нив снимал со мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.06.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Ш.Д. дека од нејзиниот дом се оддалечила нејзината штитеничка С.Џ.(16), која и порано се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 14.06.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид, Ј.И.(54) и С.С.(73) биле нападнати од куче домашен миленик, сопственост на В.П., сите од Охрид. 

На 14.06.2024 во 16.30 часот во ОВР Прилеп, П.Ј.()18 од Прилеп пријавил дека во Прилеп бил каснат од куче скитник.   цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан