• петок, 22 ноември 2024

Ревија на стилисти за миленици во организација на Македонската асоцијација на стилисти за миленици

Ревија на стилисти за миленици во организација на Македонската асоцијација на стилисти за миленици

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) – Во организација на Македонската асоцијација на стилисти за миленици, денеска во Јавна соба се одржа „Пролетно модно шоу за миленици 2024“, каде се претставија петшопови, одгледувачници, увозници на козметика, како и креатори на облека и накит за миленици.

Илија Петковски од Македонската асоцијација на стилисти за миленици посочи дека првпат во земјава се организира ваков тип настан, кој е насочен на одговорно сопствеништво и благосостојба на милениците. 

Петковски информираше дека во Асоцијацијата членуваат 20 грумери, односно стилисти за миленици, додека пак, вкупно во земјава се регистрирани 40 салони од овој тип.

– Работиме директно со сопствениците, не работиме со уличните кучиња. Работиме сопственикот да не го напушти своето куче, а нема да го напушти најпрво доколку избере права раса на куче, доколку е сигурен дека може да се носи со таа раса и нивните потреби. Ние сето тоа му го пренесуваме како знаење, меѓутоа има луѓе кои веќе купиле куче и не знаеле дека треба да се чешла, не знаеле дека ноктите треба да се сечат и ваквите работи ги откриваат подоцна, рече Петковски.

Додаде дека денешниот настан се реализираше во рамки на европскиот проект „Пет-нет“, на кој работи Македонската асоцијација на стилисти за миленици истакнувајќи ја соработката со Српската асоцијација на грумери. 

– Моментално работиме на европски проект „Пет-нет“, како и со Српската асоцијација на грумери, која што е многу голема. Во Србија има 2.500 салони, во Македонија има 40 салони. Кај нас 100 и нешто илјади чипирани кучиња, додека пка во Србија има 7 милиони, појасни Петковски. ра/цр

Фото: Македонска асоцијација на стилисти за миленици

 

Остани поврзан