• петок, 28 јуни 2024

Се асфалтираат три улици во селото Градашорци, Општина Василево

Се асфалтираат три улици во селото Градашорци, Општина Василево

Струмица, 25 јули 2023 (МИА) - Во селото Градашорци, во Општина Василево, се асфалтираат три улици на различни локации и се врши реконструкција пред еден од мостоците.

Како што информираа од Општината, се поставува асфалт на вкупно 912 метри квадратни со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од 3,5 метри.

Според информацијата од Општина Василево, градежните работи почнале пред десетина денови и сега завршуваат, а со асфалтирањето на овие улици се подборуваат условите за живеење во насEленото место Градашорци.

Средствата за асфалтирањето во износ од 1.337.435 денари се обезбедени од општинската каса.рт/бт/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан