• сабота, 27 април 2024

Санкционирани 188 возачи во Скопје

Санкционирани 188 возачи во Скопје

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 25 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан