• вторник, 13 август 2024

Руди Фернандез: Претстојни две сезони ќе бидат последни во мојата кариера

Руди Фернандез: Претстојни две сезони ќе бидат последни во мојата кариера
Мадрид, 18 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез призна дека размислува да ја заврши кариерата по истекот на договорот во 2022 година. - Имам 35 години и неодамна потпишав двегодишно продолжување на договорот. Кога ќе истече, ќе имам 37. Следните две сезони ќе ги поминам со идеја дека тие се последни во мојата кариера. Се приближувам до овој момент кога ќе завршам, но се чувствувам добро. Задоволен од тимот и од мојата улога. Кога ќе разберам дека не можам да ја дадам најдобрата игра, ќе им го препуштам местото на помладите, изјави Фернандез. Покрај за Реал, Фернандез во својата кариера играше и за Хувентуд, Портланд и Денвер. зс/

Остани поврзан