• вторник, 13 август 2024

Романо тврди: Миовски во Џирона за 8 милиони евра

Романо тврди: Миовски во Џирона за 8 милиони евра

Абердин, 12 август 2024 (МИА) - Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, кој меѓу првите ги има информациите за големите трансфери во европскиот и светскиот фудбал, го најави трансферот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Џирона и откри зошто напаѓачот се решил за трансфер во Шпанија.

Целиот трансфер треба да биде официјализиран во наредните денови.

Според новинарот, Миовски сакал да настапува во Лигата на Шампионите, а Абердин ќе добие нешто повеќе од 8 милиони евра. 

Џирона бара напаѓач кој ќе го замени најдобриот стрелец во лигата, Артем Довбик, откако Украинецот пред две недели се пресели во Рома за 38 милиони евра.

Македонскиот напаѓач имаше две одлични сезони во Шкотска, каде постигна по 16 голови во една натпреварувачка година. 

Во Абердин дојде од МТК Будимпешта, а претходно играше за Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница. дс

Фото: Архива

Остани поврзан