• вторник, 13 август 2024

Мбапе во тимот на Реал Мадрид за дуелот за Суперкупот на Европа

Мбапе во тимот на Реал Мадрид за дуелот за Суперкупот на Европа

Мадрид, 12 август 2024 (МИА) - Новото засилување на Реал Мадрид, Килијан Мбапе би можел да дебитира за европскиот шампион веќе во среда во финалето на Суперкупот на Европа. Капитенот на француската репрезентација се најде во групата за натпреварот против италијанска Аталанта, која ја избра тренерот Карло Анчелоти.

Нејасно е дали Мбапе ќе стартува како стартер на Реал Мадрид. Тој веднаш по Европското првенство се пресели во „bелиот балет“, но досега нема настап на ниту еден претсезонски тест на тимот.

Мбапе дури на 7 август започна интензивно да тренира со шпанскиот гигант. Поверојатно е дека напаѓачот ќе остане резерва и ќе влезе на теренот во текот на натпреварот.

Во групата на Реал Мадрид влезе и бразилскиот тинејџер Ендрик. дс

Фото: Архива

Остани поврзан