• вторник, 13 август 2024

„Ѓаволите“ завршија голема работа: Капитенот потпишува нов договор

„Ѓаволите“ завршија голема работа: Капитенот потпишува нов договор

Манчестер, 12 август 2024 (МИА) - Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 2027 година, со опција за продолжување на соработката една сезона подоцна.

Актуелниот договор на Бруно со Јунајтед е до 2026 година, па клубот од Олд Трафорд навреме реагираше и му обезбеди подолг престој на најдобриот играч.

Сите детали се договорени, прашање на денови е кога ќе го стави потписот.

Португалецот пристигна во Манчестер на крајот на јануари 2020 година од Спортинг за 65.000.000 евра. Во меѓувреме, за „ѓаволите“ одигра 234 натпревари, со 79 гола и 67 асистенции.

Пред Јунајтед, Фернандез ги бранеше боите на Новара, Удинезе, Сампдорија и споменатиот Спортинг.

Репрезентативец на Португалија е од 2017 година и досега има постигнато 23 гола на 71 натпревар. дс

Фото: Спорт

 

Остани поврзан