• понеделник, 15 декември 2025

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Минхен, 5 јуни 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија синоќа ја  победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Домаќините го отворија резултатот преку Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63. минута, а Кристијано Роналдо пет минути подоцна го постигна голот вреден финале.

Португалија во финалето на Лигата на нации ќе се соочи со победникот од вечерашниот натпревар Шпанија – Франција.

Германија ќе игра со поразениот за третото место. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан