• петок, 22 ноември 2024

Реал има најголем приход од реклами на дресовите

Реал има најголем приход од реклами на дресовите

Мадрид, 16 септември 2023 (МИА) - Реал Мадрид добива најмногу приходи меѓу фудбалските клубови од рекламирање на нивните дресови. „Кралскиот клуб“ е на врвот на листата со спонзорски договори кои му носат 190 милиони евра по сезона.

 

На списокот е Челзи, кој ја започна сезоната без спонзор. Клубот преговара со „Infinite Athlete“ и „Riyadh Air“, зделката се проценува на 60 милиони евра.

 

Топ 10 клубови по приходи од рекламирање дресови:

 

1. Реал Мадрид – 190 милиони евра
2. Барселона – 183
3. ПСЖ – 168 
4. Манчестер сити – 167,5
5. Манчестер јунајтед – 159
6. Челзи – 130
7. Арсенал – 128
8. Баерн – 110
9. Јувентус – 110
10. Ливерпул – 91.

 

Најголем или поголем дел од приходите клубовите ги добиваат од производителите на спортската опрема што ја користат (Адидас, Најки, Пума...). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан