• понеделник, 23 декември 2024

Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена

Хјустон, 22 ноември 2024 (МИА) - Џејк Пол, јутјуберот кој неодамна го победи Мајк Тајсон, ги демантираше гласините дека неговата борба, која се одржа на стадионот „ATендT“ во Тексас пред околу 80.000 луѓе, била наместена.

Многу помладиот боксер, кој оваа благородна вештина почна да ја практикува дури пред неколку години, и исклучиво на вакви егзибиции, славеше по осум рунди со едногласна одлука на судиите, а откако во јавноста се појави видео каде може да се види дека „Железниот Мајк“ намерно се откажа од добра можност да го нападне Пол, почнаа да кружат шпекулации дека сепак ова е шоу, а не вистинска борба.

Сепак, тоа го демантираше 27-годишниот инфлуенсер, кој победи на 11 од претходните 12 егзибиции (единствениот пораз го нанесе братот на Тајсон Фјури).

-Што сакаат луѓето? Сакаат само да изгубам. Само така ќе им ја направам играта забавна. Ова е борба, ова е спорт. Понекогаш натпреварите во НФЛ завршуваат со десет поени на секоја страна и ќе биде здодевно. Што сакате? Она што се случи, се случ. Сите можности се отворени кога ќе влезеш во борбата, изјави тој.

Да потсетиме и двајцата борци заработија добри суми од мечот во Тексас. Пол собра 40 милиони долари, а Тајсон кој ја имаше последната професионална борба пред 19 години - 20 милиони! дс

Фото: Архива

Остани поврзан