• сабота, 18 мај 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 31 август 2022 

Цветан Трипуновски наместо да се бламира како непознавач на надлежностите и функцинирањето на локалните самоуправи, како и на системот за авионско засејување облаци треба да им се обрати на јавните претпријатија и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината.

Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно. Над 10.000 домови беа поплавени а ЈП водовод не презеде ништо.

Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците. На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.

Што се однесува до споменатиот систем за авионско засејување облаци Трипуновски пред да излезе во јавноста треба да се информира и да знае дека се користи само за реагирање, одбрана и превенција на земјоделски површини. За последните три години процентот на заштита од град за земјоделските површини е 80%.

Но, не е до системот, за Скопје под вода потфрли локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан