• сабота, 15 јуни 2024

Расчистено двојното убиство во Стајковци, поднесена кривична пријава 

Расчистено двојното убиство во Стајковци, поднесена кривична пријава 

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57), кои од здобиените повреди починале на местото. 

Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. мд/мч/

Фото: МИА архива

Остани поврзан