• понеделник, 23 декември 2024

Реконструкција на водоводната мрежа во населбата Стопански двор

Реконструкција на водоводната мрежа во населбата Стопански двор

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) -  Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид на работите за реконструкција на водоводната мрежа на улицата број „1“, во скопската населба Стопански двор, во општината Ѓорче Петров.

Како што информира Град Скопје, со реконструкцијата на водоводната мрежа двојно се зголемува профилот кон краците 1 и 2 на улицата број „1“, во насока кон патот за Економија до станбената улица број 24.

- Со реализација на оваа реконструкција се создадаваат услови за поквалитетно водоснабдување на жителите кој што живеат во поширокото подрачје на оваа скопска населба. Град Скопје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по реализација на оваа реконструкција продолжува со проектите за реконструкција на постојната водоводна и канализациона мрежа во Волково, стои во соопштението.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата „За модерно Скопје“ за обновување на градската водоводна мрежа во, како што се наведува, децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот. мд/мч/

Фото: Фејсбук на градоначалничката Данела Арсовска 

Остани поврзан