• вторник, 13 август 2024

Рафиња ќе го пропушти дербито со Реал

Рафиња ќе го пропушти дербито со Реал

Барселона, 30 септември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Барселона Рафиња се повреди на синоќешниот натпревар од 8. коло на шпанското првенство против Севиља (1:0). Дваесет и шестгодишниот Бразилец поради болка во бутниот мускул беше заменет во 37. минута од натпреварот.

 

Според „Football Espana“, Рафиња ќе ги пропушти натпреварите против Порто и Гранада. Тој исто многу веројатно нема да игра против Реал Мадрид во Ел Класико на 28 октомври.

 

Попрецизна дијагноза и период на закрепнување ќе се знае денес по деталните прегледи.

 

Оваа сезона Рафиња настапи на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан