• среда, 08 мај 2024

Промоција на „Утеха за голите“ од Давор Стојановски во КИЦ на РСМ во Софија

Промоција на „Утеха за голите“ од Давор Стојановски во КИЦ на РСМ во Софија
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Книгата „Утеха за голите“ од младиот македонски писател Давор Стојановски вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 18.30 часот. Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“) и преведувачката Тања Попова. Книгата, како што информира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската Унија и за најголемата награда за литература во Северна Македонија – „Роман на годината“ (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа). „Утеха за голите“ е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но, тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност. мд/нк/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан