• вторник, 05 ноември 2024

Простории за трајно сместување на Музичкиот ансамбл од Тетово, за НУ Галерија Гостивар ќе се бара просторно решение

Простории за трајно сместување на Музичкиот ансамбл  од Тетово, за НУ Галерија Гостивар ќе се бара просторно решение

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Владата денеска на 20-тата седница донесе Одлука со која Музичкиот ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово добива простории за работа на трајно користење и усвои Задолжение за просторно решение за сместување на НУ Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата.

-Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово му се даваат на трајно користење, без надомест, простории кои се наоѓаат на ул. „Тетово” бб, Тетово, сопственост на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. 

Во врска со сместувањето на НУ Галерија Гостивар, по насока на претседателот на Владата, задолжено е Министерството за култура да ја разгледа постојната документација, испратена од НУ Галерија Гостивар до Владата и да излезе со предлог-решение во врска со нејзиното трајно сместување. хс/са/

Фото: Влада на Република Северна Македонија 

Остани поврзан