• недела, 29 септември 2024

Приведен разбојник во Штип, следува соодветна пријава

Приведен разбојник во Штип, следува соодветна пријава

Скопје, 15 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле штипјанец, кој физички нападнал малолетник од струмичко и одзел пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 10:45 часот во с.Трогирци, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(37) од Штип. Тој се сомничи дека на 13.07.2023 во 18.30 часот на крстосница на ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Солидарност“ во Штип физички нападнал малолетник од струмичко и одзел пари, наведуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фф/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан