• вторник, 02 јули 2024

Приведен крадец во тетовско

Приведен крадец во тетовско

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, денеска околу 8 часот и 10 минути во тетовски Требош го лишиле од слобода 23-годишниот Ш.С. од ова село поради сомнение дека извршил кражба на акумулатори од товарни возила и работни машини, сопственост на градежна фирма од тетовско Желино.

Како што соопшти МВР, Ш.С. украдените акумулатори ги нудел за продажба на други лица. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан