• вторник, 02 јули 2024

Жена повредена при пад на дрво во Скопје

Жена повредена при пад на дрво во Скопје

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Жена е повредена откако од силниот ветер попладнево падна дрво на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје. 

Жената е пренесена на скопските клиники, а во расчитувањето на теренот интервенирала и Теритoријалната противпожарна единица на Град Скопје со тројца пожарникари. 

Предизвикана е и материјална штета. 

Претходно, ЦУК информираше за паднато дрво и кај трговскиот центар Веро Џамбо. 

Повеќе информации од ЦУК најавуваат за подоцна.

Синоптичарите за денеска попладне најавуваат пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час. Предупредуваат на внимателност во текот на вечерните и ноќните часови во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан