• сабота, 23 ноември 2024

Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини кај учениците

Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини кај учениците

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) -  Британскиот совет ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, особено во делот на обезбедување квалитетна едукација на учениците за стекнување дигитални вештини и развој на дигиталната писменост.

Како што информира Министерството за образование и наука, ова било потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, и Олга Бороданкова од Делегацијата на Европската Унија, на која биле презентирани и резултатите од досегашното спроведување на програмата „Училишта на 21 век“ со финансиска поддршка од Британската влада.

-Двете страни се согласуваат дека младите мора да бидат подготвени за добро управување со новите дигитални технологии, да размислуваат креативно и критички, а токму програмата „Училишта на 21 век“ дава значаен придонес кон постигнувањето на оваа цел. Јаневска и Андоновски соопштија дека политиките на новата Влада се усогласени со Дигиталниот акциски план на ЕУ, а меѓу клучните приоритети во следниот период ќе биде подобрување на дигиталните вештини кај младите. Во таа насока, Министерството за образование и наука ќе се заложи за надградување на наставните програми со содржини кои ја поттикнуваат дигиталната писменост и способностите на младите да применуваат современа технологија за креирање решенија за лични или општествени предизвици, информира МОН. хс/аа/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан