• недела, 17 ноември 2024

Претставата „Рацин“ и на матичната сцена на велешкиот театар

Претставата „Рацин“ и на матичната сцена на велешкиот театар

Велес, 14 октомври 2024 (МИА) - По премиерата на фестивалот „Охридско лето“, во среда, 16 октомври, со почеток во 20 часот,  премиера на матичната сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе има  претстaвата  „Р А Ц И Н“, во режија на Дејан Пројковски. Драматург е Сашо Димоски, а сценограф Валентин Светозарев, кој го изработи и дизајнот на плакатот.

Костимите се на Раде Василев и Елена Вангеловска, композитор е Сашко Костов, а изведбата на музика во живо е Сашко Костов и Орхидеја Дукова. Кореографијата на сценски движења е на Васил Зафирчев.

Рацин го игра актерот Исидор Јовановски, а неговата сенка Васил Зафирчев. Музата на Рацин Рахилка Раца Фирфова ја игра актерката Талија Настова, а неговата втора љубов Невенка ја игра ,Славица Манаскова.

Мајка му на Коста Солев Рацин, Марија ја игра актерката Весна Димитровска. Во улогата на куршумот кој го пронижа смртно Рацин ќе го видиме актерот Јордан Витанов, во улогата на книга Кети Борисовска, како лист од тутун Кристина Зафирова, а грнчарското тркало Благојче Стојанов, во улогата на перо е Илин Јовановски, а на мастилницата Кети Борисовска. Во улогата на крв, пак, е Орхидеја Дукова. Во улогите на Богомилите ќе настапат актерите Илин Јовановски, Бранко Михајловски и Тодор Стојчевски.

Сите актери ќе настапат во улогите на народот во претставата.

Билетите за оваа претстава се пуштени и можат да се купат на билетарата на велешкиот театар. ад/сст/

фото велешки театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан