• петок, 28 јуни 2024

Претседателот на црногорското Собрание предложи на дневен ред на утрешната седница да биде и предлог-резолуцијата за Јасеновац

Претседателот на црногорското Собрание предложи на дневен ред на утрешната седница да биде и предлог-резолуцијата за Јасеновац

Подгорица, 27 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ денеска официјално предложи на дневен ред на утрешната собраниска седница да биде и предлог-резолуцијата за геноцидот во Јасеновац.

Предлогот на Мандиќ за проширување на дневниот ред со резолуција за Јасеновац утре треба да го поддржат 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора.

За намерата на Мандиќ да ја искористи можноста за дополнување на дневниот ред 24 часа пред одржувањето на седницата предупреди црногорската опозиција, тврдејќи дека на тој начин Владата се обидува да избегне јавна расправа за резолуцијата за Јасеновац.

Со нејзиното усвојување, популистичкото „Движење Европа сега“ на премиерот Милојко Спајиќ треба да го смири и да го задоволи прорускиот и просрпскиот дел од владејачката структура во Црна Гора, откако неговата влада во ОН ја поддржа Резолуцијата за Сребреница. Резолуцијата ја потпишаа и неговите претставници.

Спајиќ вчера во Брисел не одговори конкретно дали неговите претставници ќе ја поддржат оваа резолуција иако се нејзини потписници. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан