Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје
- Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.
Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.
На конференцијата се најавени анализа на Блумберг Адрија „Unlocking Growth: Economy & Capital Markets in North Macedonia“ и две панел дискусии.
Првата панел дискусија ќе биде посветена на Македонскиот реален сектор: Бизнис-модел воден од новите технологии, на којшто главно прашање ќе биде како функционира бизнисот во турбулентно време, какви промени му се потребни на стопанството за подобар раст на македонската економија во услови на продолжени геополитички тензии, ги следиме ли светските трендови и колку македонските компании се во тек со новите технологии. На оваа дебата се најавени Душан Митрев, Генерален директор Пивара Скопје, Живко Мукаетов Генерален директор/Претседател на УО, Алкалоид АД Скопје Марија Дуковска Павловска, Генерална директорка на Макстил и Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1.
Втората панел дискусија се однесува на Пристап до пари во услови на глобални промени и кој го финансира растот. На овој панел најавено е учество на Гордана Димитриеска Кочовска, министерка за финансии, како и на Марија Томеска, Претседателка на управен одбор Еуролинк осигурување, Методија Мирчев, Главен извршен директор А1, Мирослав Марчев Управен партнер за Северна Македонија, PwC, и Тони Стојановски, Претседател на управен одбор НЛБ банка. ев/са/
ФОТО: принтскрин