• понеделник, 23 декември 2024

Исплата на правата од социјална и детска заштита

Исплата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2024 година.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 ноември 2024 година, соопшти Министерството. 

За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата во сите отворени филијали и експозитури на банките ќе се спроведе во две групи  по распоред според првата буква од презимето.

Денеска, 5 ноември 2024, средствата ќе може да ги подигнат корисниците чиешто презиме почнува на: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, а утре, 6 ноември 2024, корисниците со презиме на: М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан