• недела, 21 април 2024

ПП Левица: Јакимовски да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај „Воена болница“

ПП Левица: Јакимовски да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај „Воена болница“

Скопје, 29 март 2024

 

Решението за градба кај Болничкиот комплекс „Воена болница“ да се поништи веднаш!
 „​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс ,Воена болница'!

Политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.

Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер.

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси!“, се вели во објавата.

Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан