• понеделник, 23 декември 2024

Почина „првиот црнечки акционен херој“, Ричард Раундтри

Почина  „првиот црнечки акционен херој“, Ричард Раундтри

Лос Анџелес, 25 октомври 2023 (МИА) - Американскиот глумец Ричард Раундтри, познат како „првиот црнечки акционен филмски херој“, почина вчера на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер  Патрик Мекмин за „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter).

Тој, инаку, се прослави со улогата на детективот Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и неговите продолженија, бројни други трилер-акциони филмови, но и улоги кои се занимаваат со расните односи во САД. Никогаш не се пензионираше. Зад себе има речиси 160 улоги, а според ИМДБ, се работат неговите три филмски проекти што допрва треба да се прикажуваат.

- Раундтри почина во својот дом во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави менаџерот.

Меѓу неговите највлијателни филмови е „Си беше еднаш... Кога бевме обоени“ од 1996 година, приказна за Афроамериканците кои се соочуваат со расизам во Мисисипи. Глумецот од два брака има четири ќерки и син. си/паг/

Фото: ИМДБ, Википедија

Остани поврзан