• среда, 08 април 2026
Риба со зеленчук

Гурманско задоволство за љубителите на рибни деликатеси. Многу вкусно..

 

 

         Состојки:

  • 1 кг риба (по желба)
  • 1 главица брокула
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 кг компири
  • 1/2 кг моркови
  • 1 супена лажица сок од лимон
  • 1 супена лажица јаболков оцет
  • 2 дл маслиново масло
  •  сол и црн бибер 
  • сецкан магдонос

 

         Подготовка:

Ставете хартија за печење на дното од тавата и ставете ја рибата, посолете и печете на 200 степени. Измијте го зеленчукот (брокула, моркови, компири) и печете ги посебно, само да биде полусварено. Кога рибата ќе биде полусварена, наредете го зеленчукот околу неа и додадете масло. Измешајте го со масло лукот и магдоносот и додадете го лимунот и оцетот, премачкајте ја и рибата и зеленчукот со него. Вратете го во рерна да се зарумени.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан